нивен (прид.) - мајка (имн.)

Набргу по смртта на синовите, од жал починала нивната мајка, а по една година и господарот Ханс.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И обајцата се вратија на Балка­нот, носени од соништата на нивната мајка кон Истокот и од нивниот татко кон враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А што ако е таа нивната мајка? Баш на овие лисичиња?!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Но, веднаш потоа си помислија - ако дојде сега нивната мајка лисицата, ќе настрадаат. И, тргнаа да си одат.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Пиеја зашеќерено варено вино со цимет или со црн пипер што самите го правеа, јадеа домашни пити со праз или со изварка што ги замесила нечија баба, понекогаш некој ќе донесеше и лути домашни свински колбаси, мезеа руска салата од зимниците на нивните мајки и прво дискутираа со саати, за на крајот да завршат со свирка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа извадила од шифоњерот многу фустани од нивните мајки и ташнички, штикли, со кои ќе играат ’шмизли’ на поплочениот дел во дворот, под сенка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Квартетот возрасни гувчиња и натаму безгрижно и брзо бегаше низ барата од нивната мајка: Младост! Жива и независна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Пелагија каснува од слаткото што мириса на дуња, на дом, на сигурност, сака и таа да се уфрли меѓу зборовите на тетката, ама нема место за нејзините зборови, не може да направи простор во нејзината реденица оти таа ги стиска зборовите еден до друг, смислата одвај да допира до свеста на Пелагија, само негде длабоко во срцето веќе знае дека не само што нашла засолниште, туку како да ја нашла тетка Евдокија од Прилеп, односно како да оживеала нивната мајка, нејзината и на Добра, одонде, од зад границата, па наслутувајќи големи премрежиња, брза да ги откине од патот на страдањето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
XI Од ретровизорот на мерцедесот сѐ уште ги гледав децата како ми мавтаа со рачињата крај нивната мајка, додека свртувајќи десно ја напуштав Авенијата на палмите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секогаш ги раскажуваше истите нешта: како нивната мајка го исфрлала бесот врз сестра му уште кога таа била девојче, како Клара била претепувана кога организирала протести за правата на жените, децата и работниците, како полека нејзината храброст и бодрост се претворале во затворање на својот испразнет свет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги знаев тие нешта, и самата гледав како Клара се себеизмачува во својата затвореност, но сепак го слушав Густав со внимание, затоа што ја чувствував неговата потреба преку зборување да се ослободи малку од тегобноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа, кога дознава за загинувањето на двата најстари од малите Густави, нема да може ни себеси да се разувери.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бараа допир со земјата. Нивната мајка која ги држи на своите невидливи раце, во нејзината орбита, не дозволувајќи има да ја напуштат воздушната граница на земјата за да не одлетаат од неа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите знаевме дека токму Мила ги спаси децата на учителот од сигурна смрт по смртта на нивната мајка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нивната мајка, бабата Хазбие, од родот на Окијаревци, живееше меѓу двете семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)