нивен (прид.) - кауза (имн.)

Модернизмот исто така беше незадоволен од присутното и исполнет со желбата да го реформира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дел од таа задача подразбира убедување на што е можно повеќе луѓе за исправноста и важноста на нивната кауза.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, во исто време не можат да одат паралелно и со “централистите“ (Организацијата), зашто, иако нивната кауза е исправна, сепак имало работи што тие не ги одобрувале, а ЦК и повеќе оружни и околиски комитети се раководеле од лица коишто по своите сфаќања, дури и по своите цели и методи на борба, малку се разликувале од врховистите, иако биле нешто одделно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога подигнат во Ламија споменик на некој херој за грчката независност, Грците се чуваат како од оган во своите говори да го спомнат некогашниот ентузијазам и желбата за одмазда; кога ги слуша човек, би помислил дека Дијакос, Колокотронис ... (херои од времето на Грчкото востание во 1821 тодина против османското ропство - б.м.) беа најверните пријатели на Портата, најсрдечни слуги на џелатот... не разбираат ли тие дека од ден на ден станува сѐ потешко да се застапува нивната кауза пред цивилизираниот свет“...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дури и владите што отпрвин ја симпатизираа нивната кауза се принудени, поради тие атентати, да се откажат од тоа и да се присоединат кон сите други влади што сакаат обновување на мирот, за да го советуваат Турчинот да го задуши што поскоро тоа востание кое дегенерира во анархизам.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Должност е на неколкумината одбрани кои го разбираат ова да ги преземат овие мерки; тие имаат обврска да го подобрат светот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)