нивен (прид.) - знаење (имн.)

Некои пет, други десет и повеќе години печалбареле во Грција и оттука нивното знаење на грчкиот, би рекол печалбарски јазик, но доволен да се разбереш.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Најмногу ги вознемирило оние кругови околу Егзархијата кои што сметале дека го имаат правото да раководат со судбината на македонскиот народ и мислеле дека без нивно знаење и одобрување не можело и не требало да се презема ништо што би водело кон било какви промени во животот на македонскиот човек.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сите се тие копуци, не знаат друг пат освен оној што ги води дома. Толку е нивното знаење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стефан, тој еден човек, го предизвика сето нивно знаење, ги доведе во прашање сите нивни убедувања и ги обвини за слепило, за предавство и за убиство!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
— Штом било така, вели, ќе ви го дадеме без нивно знаење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)