нивен (прид.) - заслуга (имн.)

Како да не се работеше за илјадит народ разнебитен и со нивна заслуга, туку за лична навреда.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И може да се рече дека е нивна заслуга, на Мусли бег и на Дамческите, што, по нивниот пример тргнаа и другите спахии - меѓу своите раетини ги разделија своите земјишни поседи и својот добиток и ги задолжија сами да се грижат за приносите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не сакам да имам разбирање за тие кои таа наша младешка самопаленица си ја присвојуваат, па дури и сега тоа го прават и мислат дека тоа е исклучиво нивна заслуга, па дури и денес во разни прилики и поводи за огромен успех го сметаат чинот, дека по нивна заслугата се крена целиот народ на нога.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)