нивен (прид.) - другар (имн.)

И бидејќи Сиве си ја имаше мувата на капата, ја отвори малата врата и сакаше да избега за да не падне в раце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа уште помисли оти Сиве, го има, дотепано нивниот другар, та не малку ги налути и се спремија за одмазда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека го гледале филмот, добивале желба да влезат во филмот да го запрат нивниот другар и да го прашаат што е тоа што го мачи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Целиот разговор наликуваше на посета на стар и заборавен роднина, полн со непријатни паузи, и прашања, и тоа од оние колку да се врти некој муабет, во најголем дел поврзани со нивните другари од гимназискиот клас.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Младен е нивни другар. Младен е добар ученик.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Оваа била една од причините што Шатев и Богданов тешко можеле да се помират со мислата да се вратат во својата земја, а двајцата нивни другари, макар и мртви, да останаат во оваа далечна и туѓа земја.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Славе Мерџанов, Петар Манџуков и некои нивни другари веќе во Женева се определиле за индивидуални акции во Турција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имало, но набргу откако сме се ослободиле, дошле нивни другари, преживеани борци, заедно со војници, па ги откопале и ги однеле коските во заеднички гробници.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Другите деца се затресоа и замолкнаа кога видоа како крвнички Ибраим го одвлече нивниот другар.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)