нивен (прид.) - град (имн.)

Многу биле разочарани кога дури и во дневниот печат обелодениле грда слика за негрижата во нивниот град.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ѝ се наметнуваше уште едно, потешко прашање: дали можеби кај неговите родители, во нивната куќа, или во нивниот град, или било каде, веќе постои негова жена? Можеби и деца?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Софијанци имаат обичај да се пофалат дека нивниот град е чист, уреден и, меѓу другото, прават сѐ за да го разубават. Но, секогаш не е така.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги протера сите варвари, го зазеде нивниот град, формира мешана населба: Александропол! - Александров град!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Во овие летни дни, граѓаните на Софија често изразуваат жалење поради тоа што нивниот град нема голема река.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Снегот толку ретко доаѓаше во нивниот град - Илчо едвај го дочека, па реши да не му се плаши на студот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)