нивен (прид.) - глас (имн.)

Гласот им светка со светлина од Создавањето и слушајќи ги си велам: Не продолжувај никаде, скриј се во нивниот глас и низ него исчезни. Не продолжувај, доколку господ веќе ставил точка на сè. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Птици се тоа собрани на миса - се чита евангелието по Лука, и на местата пред да се рече Амин тие заедно и тихо запејуваат.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
5) Напишете почеток на некој роман служејќи се со сезнајниот авторски глас, така што сезнајниот авторски глас ќе го направите јасно видлив, влегувајќи во мислите на една или повеќе личности, откако сте го препознале нивниот глас.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
2) Опишете предел виден со очите на старицата чиј одвратен и неподнослив маж штотуку починал. Не споменувајте го ниту мажот ниту смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зборуваа за зулумите што беа почести по селата, и за тоа што се слушаше: дека наоколу во шамакот се кријат ајдуци и дека треба само мал фитил за да се чуе нивниот глас.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дури од Грамос ми идат нивните гласови овде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога запре дождот, Цанул излезе, и по некаков кучешки осет, се упати право кон лозјето; се допре до колибата, го залепи окото на прозорчето, ја виде кожата кај што прета, го почувствува нивниот здив, го наслуша нивниот глас, нивното 'ржење и збивтање, му удри крвта во главата, му зашумеа ушите, го грабна копачот и почна да тропа на вратата: ”Излегувајте, мајчето ваше!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Птицата на младоста сепак немала нокти да се одбрани од ноќта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мртви, тоа вие ли ја прославувате грижата за живите со нивни гласови?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И нивниот глас и песна не се слушаше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со нежност и со благодарност се сеќавам на сите свои учители, на нивните ликови, на нивните гласови, на нивниот од, смев, лутина, на нивните имиња и презимиња.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Културно попречување (Culture jamming) Улиците се јавни простори, но граѓаните немаат средства за купување рекламен простор на нив со цел да се чуе и нивниот глас, а не само гласот на рекла­ мите.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тука ќе се фокусирам на неколку примери на нивните стратегии, односно герилската семиотика на културното попречување (практиката на радикално менување на рекламните пораки на веќе постоечки билборди), како и интервенциите во јавниот простор што го сочинуваат јадрото на уметничката практика на автори како Брацо Димитријевиќ, Оливер Реслер и Кшиштоф Водичко. 5.1.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Нивниот глас не стасува сиот до ушите наши. А пак, ти крева морници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И ние бегаме, продолжува Бошко, и од нивниот глас бегаме, вели, и од сенката нивна бегаме, а сонцето пржи, вели, и земјата се витка како тиквинка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)