нивен (прид.) - борба (имн.)

22 Може да се осети во Кантовата употреба на зборовите “имај смелост” и “биди храбар” неговото чувство дека претходните генерации се препрека за прогресот на човештвото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се разбира, модернистите беа исто така делумно наклонети кон класичната традиција, во кој гледаа сојузник во нивната борба против Средновековието.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уште повеќе, како Лок, Кант и останатите тој не употребуваше ниту прифаќаше традиционални аргументи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но пред Маерс да успее да го направи тоа, апаратот бил купен од страна на ЕЛАС на црниот пазар.84 Овој контакт сигурно дека допринел Еди Маерс да го извести својот штаб во Каиро за македонските партизани и нивната борба и да влијае во испраќањето на мисија во ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не знам дали тоа старче припаѓаше на некоја партија, но тој говореше за Виетнамците и пламено ја бранеше нивната борба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа е мошне тешко да се пишува за нивната дејност, за нивната борба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие не објавиле ниту една брошурка, ниту еден весник, ниту еден проглас, или нешто слично преку кои на јавноста би им ја соопштиле својата програма и средствата на нивната борба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Беше една нивна борба и тие трпеливо ја прифаќаа и ја изборуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
XXII И така, крај ова Езеро, уште пред да започнат моите дипломатски години, пред да се сретнам во Тунис со Јасер Арафат, како амбасадор во државата која не постоеше, а денес на некогашната држава што не постои, а тогаш ја претставував, го открив Махмуд Дарвиш, големиот поет на Палестина, живата поетска легенда на арапските поетски пространства, кој задно со поетите кои го придружуваа, небаре излезени од воените ровови, дојдени да сведочат крај Езерото за нивната борба за слобода, за вистината на својот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Судбината како да сакаше да се најдат двата големи поети во една точка каде што се соединуваат едниот со другиот егзил, каде што се остварува враќањето од него, неговиот можен крај, пред новите почетоци...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оти од порано уште чуле Дека таква била нивната борба Додека се гине да се пее И како такви уште и фала ѝ викале на песната Песна нас је одржала, њојзи хвала Ами како, ептен и за навек хвала Песната си е песна и како да свртиш Таа ич не е виновна што има секакви И уште повеќе што има никакви пејачи А никакви пејачи имаше и кога ги снема Патеките на соништата поплочени со петокраки Даже ептен никакви пејачи Кои чкрипеа како недоправени верглови И ги раскажуваа своите селански соништа Истопорени на градските плоштади Кои буричкаа во стари и туѓи соништа И кои на ангро крадеа туѓи соништа Крадеа на јаве се што ќе им дојдеше на сон Крадеа и на сон се што ќе им дојдеше на јаве Колку што крадеа и малку се џимкаа во сонот Нивната девиза не беше мирен сон и чиста совест Колку што не разбираа арно што воопшто сонуваа Ако за сон може да се есапи Само уништувањето на старите соништа со петокраки И ако за сон може да се есапи
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Понекогаш Мил низ прозорците ја гледа борбата на ветровите што често се собираат над селото да се бијат; се бијат, Северецот и Југот, Источникот и Западецот, а во таа борба понекогаш се замешуваат и помалите ветрови и почнува еден општ метеж, хаос; час еден ветер зема превласт, час друг; во таа жолчност се кршат дрвјата, паѓаат ќерамиди од куќите, се рушат оџаци, пукаат прозорците, летаат снопови 'ржаница, паперка; се откорнуваат фиданки, младици се витлаат, лисја сламки, пеплишта; фиукат ветровите, урликаат како дивина, се витлаат по земјата, се креваат нагоре, фаќаат широк простор кон небото, и пак се спуштаат над селото и над брегот раскинувајќи го и чадот од дувалото во таа нивна борба.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)