нивен (прид.) - барање (имн.)

Напротив, нашите катхези ѝ соодветствуваат на објективна структура на нивно барање, обликување и складирање која придонесува далеку повеќе кон значењето на некое дело од масовната култура отколку што придонесува истрошениот естетски дизајн, односно проѕирната идеолошка пропозиција, кој е сѐ што останува кога ќе се пренебрегнат. (68–69) Ова во прв ред е аргумент во прилог на значењето на масовната култура во „сентименталната историја на општествените групи“,123 а во втор ред е аргумент да се воведе во проучувањето на масовната култура еден вид критика која е поинаква од чисто идеолошката, критика што се сосредоточува на содржината на самата форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но великодушноста на Србите е само затоа да ја покажат умереноста на својот апетит и справедливоста на нивните барања: Ете, не го сакаме тоа што не е наше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Второ, и кај овој закон 125 постои одредба која пропишува дека работниците на кои им престанал работниот однос на нивно барање или поради кршење на работниот ред и дисциплина не можат да ги остваруваат правата утврдени со овој закон (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)