нивен (прид.) - анализа (имн.)

Тие, информациите од своите политички и воени претставници на Балканот ги примале во своите кабинети во Лондон и по нивната анализа и врз основа на претходните сознанија за одделни земји од Балканот ја креирале британската надворешна политика, која им била подредена, пред сè, на британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иако при крајот на 1944 година не можеле да проникнат во суштината на разговорите меѓу Југославија и Бугарија, сепак, претпоставувале дека меѓу нив се одвивала активност која во себе содржи две непознаници: формирање на југословенско-бугарска федерација и во рамките на тоа отворањето на македонското прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Информациите треба да бидат дадени на време, на начин и со содржина со што ќе се овозможи на претставниците на работниците да спроведат соодветна нивна анализа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)