нивен (прид.) - бев (гл.)

Одговорот нивни беше истиот. — Немам, бре бег, немам. Сиромашиа силна, шо да права?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Читај: „И имаа оклопи како оклопи железни, и гласот на крилата нивни беше како глас на коли кога многу коњи трчаат на бој.”
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оние кои го имаа видено записот (а тоа беа Граматик Граматик и отец Мида, за кои слово ви преподадов веќе), беа веќе мртви, и устите нивни беа неми, запечатени за овој свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нивни беа бродовите. Нивни беа сите морски патишта. Па дури и небото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Луѓе со кожени палта и мустаќи обично беа од полицијата, од власта или од партијата. Нивни беа и законот и правдата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Па, сепак, во тоа што Јанечските го кажуваа за Бошета и за ајдутинот само донекаде можеше да се верува, само дотолку што навистина Боше нивни беше заминат од Потковицата, што навистина, себап со неговото заминување, Тахир бег Јаузоски се стори со царски коњ, и што навистина едно чупале, дотогаш ни видено ниту чуено, преку ноќ се најде и остана да живее кај Јанчевци и во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)