нејзин (прид.) - ЦК (скр.)

Меѓутоа, нивното мислење дека, бидејќи не се членови на Организацијата, нејзиниот ЦК немал право да се интересира за нивните акции, во принцип било неправилно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Всушност, се покажало дека уште пред формирањето на Сарафовиот комитет, офицерите замешани во комитетските работи, на чело со генерал Иван Цончев, тајно од Делчев и Ѓорче Петров, зеле решение да работат за преземање на Македонската револуционерна организација и на нејзиниот ЦК од офицери, а кога ќе се постигнело тоа, Цончев требало да си даде оставка во бугарската армија за да го преземе претседателството на Врховниот комитет и да крева востание во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
22. Под ова име Мисирков ја подразбира Организацијата како целина, а не само нејзиниот ЦК.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)