нејзин (прид.) - и (сврз.)

Лели нема никогаш да ме вратиш во Мариово? — го запраша таа, држејќи му ја префрлената рака со нејзината и потиснувајки ја.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа треба да ги сознае нејзините и нашите национални интереси и моќно да ги брани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нејзините чувства беа лично нејзини и не можеа да бидат променети однадвор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тогај, под нејзините веќе одвикнати раце - но јас уште не сакам да го откријам името на делото што го свиреше, тоа е сѐ уште нејзина и моја заедничка тајна...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во очите ѝ се читаше и желбата и гладот и сакаше да каже ама не сакаше да ја растажи мајка си, па се нишаше во скутот нејзин и пееше.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тврдината првин ја гледаше од долу, зашто кулите нејзини и бедемите, токму во средината на градот, стрчеа високо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И уште една вистина што не е без значење: местото за могила што го избра мајка ми нема никаква врска со нејзиното и со нашето минато а уште помалку може да се поврзува со нашата иднината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со право може да се нарече стажарско место на нејзината желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пелагија каснува од слаткото што мириса на дуња, на дом, на сигурност, сака и таа да се уфрли меѓу зборовите на тетката, ама нема место за нејзините зборови, не може да направи простор во нејзината реденица оти таа ги стиска зборовите еден до друг, смислата одвај да допира до свеста на Пелагија, само негде длабоко во срцето веќе знае дека не само што нашла засолниште, туку како да ја нашла тетка Евдокија од Прилеп, односно како да оживеала нивната мајка, нејзината и на Добра, одонде, од зад границата, па наслутувајќи големи премрежиња, брза да ги откине од патот на страдањето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дури кога во влезот стивнаа гласовите на децата на Пена заедно се нејзиниот и кога веќе не се слушаше бубтењето на Танаско, Пелагија стана свесна за отсутноста на Милка на Роса, иако таа често го имаше нејзиното лице во своите мисли, насмеано, среќно.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Понекогаш ме земаше в скут, и додека седевме крај прозорецот зад кој врнеше снег, таа ми раскажуваше бајки во кои доброто секогаш го победуваше злото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш ме земаше в раце и излегувавме од дома и минувавме покрај дрворедите; со едната рака ме придржуваше, притискајќи ме на своите гради, а другата рака ја испружаше високо, откинувајќи цветови од најниските гранки на липите, костените и багремите, а потоа ги ставеше цветовите меѓу нејзиното и моето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оваа одаја на горни кат е спална: нејзина и на Томислав. Со лесни подвижни ѕидови.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)