нејзин (прид.) - сигурно (прил.)

Најстарото дете на баба ми е мојата тетка - да ми е жива и здрава до стотата, ако верувате во прикаските за наречници, нејзините сигурно ѝ прорекле дека целиот живот таа ќе се грижи за други.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Нешто некаде ја носи, ја носи, ја носи низ некое темничиште, како низ некој тунел, а некаде таму, отаде, на другиот крај од тунелот зрачи некоја светлина што се лачи во меко сина а силно виолетова, и тоа ѝ влева надеж, па сака што поскоро да се најде на другиот крај од тунелот, во светлината каде што Пандо нејзин сигурно ја чека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)