нејзин (прид.) - постојано (прил.)

За времетраењето на судскиот процес Ф.И. продолжи да работи на нејзиното постојано работно место, а односот со работодавачот за време на процесот може да се опише како коректен и во рамките на деловните овластувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го гледав тоа толку блиско лице, нејзиниот постојано бел тен, како бавно помодрува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Висината на парничните трошоци и чинењето на овој судски спор во ниеден момент не ја поколебаа Ф.И. да се впушти во судскиот процес, од едноставна причина што тоа ѝ беше единствениот начин да створи реални можности за нејзино понатамошно оперирање и лекување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)