нејзин (прид.) - широк (прид.)

Секогаш таа веселост на мајка му, нејзината широка насмевка зад темните перчиња што ѝ се испуштаа од собраната коса и немирно ѝ паѓаа по образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа би се потпирала на своите слабини, нејзините очи, без капаци, би се истакнале како предни светла на ниска тркачка кола, а нејзините широки гради, како на полски шериф, ритмично би пувкале како некој мев.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За Нова година не отидоа никаде, останаа во куќата на тетка Перса, во нејзините топли одајќи, во истовреме заштитени со нејзината широка и несебична љубов.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се приближив и ја видов тетка ми како решително, со крпа, ги брише завесите од кадата, одвреме-навреме подзастанувајќи да подзаструга некоја дамка од вода што ги избегнала нејзините широки замави.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Уште на погребот ми запре погледот на нејзиното широко, питомо, паметно лице, а сега, одблизу, на неговата белорозова кожа ги видов овде-онде расфрланите пеги што ги потенцираше црвеникавиот отсјај на нејзината коса. Таа беше тивка природа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Заспав можеби, бев пијан од љубовна магија Го слушам шепотот на срцето во нејзините широки гради, раскошни одаи од АН со згужвана постелнина ко растурени крошни.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сакав да дознаам нешто повеќе околу организацијата на натпреварот, како, на пример, кој ја бира комисијата, колкучлена е, дали има претседател и дали сите куќи се предмет на испитување, но мислите ми ги прекина гргорот во цревата, кои повторно ми се разбудија, потсетувајќи ме на мојата стара тежина, којашто тукушто требаше да добие ново засилување.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)