нејзин (прид.) - црвен (прид.)

Видов како се движи меѓу луѓето, ја видов нејзината црвена чанта налик на нишало од некоја играчка, како ја подигнува главата за да ги прочита натписите, двоумејќи се за момент, за конечно да се упати налево, а налево е излезот што избива на улица.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И предци и потомци На Јордан Плевнеш Ноќва, вкопан во плочата на Сахара, во нејзините црвени африкати, осознавам дека има земји претерано неми, во кои нема што да се откопа - ни коска, ни писмо, ни прстен, осознавам, значи, дека има претерано неми земји кои сами себеси си се кучиња - чувари.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Затоа, да ѝ запееме на семенката, да им запееме на оние кои само копаа и прекопуваа и кои сѐ подлабоко ја сокриваа и заштитуваа иднината.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Не се врати. Ама оние кои умеат да се свртат кон секоја виулица што доаѓа откај Црвен рид, секогаш се во можност да ја видат нејзината црвена шамија распната пред крилата на ветерот што се готви за на пат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во тој момент на среќа како од лежење врз бранови, како од предаденост на некакво лизгање преполно со тополи, не можев да ѝ го кажам она што таа би го разбрала како лудост или болест што и беше само на друг начин, на некои други животни брегови; ѝ зборував за нејзиниот прамен коса, за нејзината црвена чанта, за нејзиниот начин да го набљудува огласот за некоја бања, за тоа дека не ѝ се насмевнав поради донжуанизам или здодевност туку за да ѝ го дадам цветот што го немав, знак дека ми се допаѓа, дека ми е фина, дека патувам пред неа, за уште една цигара и уште еден чинцано.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)