нејзин (прид.) - цврст (прид.)

Го замислува нејзиниот цврст акт како од големо масло над француската постела се преселува врз неа. Му се крева. ***
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се чувствуваше зависен од неа, од нејзиното молчаливо присуство кога беше со неа, било дома, било на неколкуте типични места во градот, од нејзиниот цврст чекор кога го држеше под рака при прошетките по паркот, од нејзиното тело што доаѓаше до полн израз кога се свиваше со невиден занес додека неуморно водеа љубов во издолжените софиски попладниња.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со нејзините цврсти раце кои стегаа како клешти нè одвои еден од друг, притискајќи нè силно околу надлактиците.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Шанкерката, девојка од дванаесетина години, со долги нозе, врз кои имаше навлечено стегнати фармерки, со разградна бела кошула облечена врз маица што ѝ ги покриваше градите до вратот, со полузасукани ракави, делуваше штичесто, но енергично поради што нејзините цврсти роглести цициња делуваа нападно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)