нејзин (прид.) - топол (прид.)

- Не, нешто сепак не е в ред – реков и тогаш дури открив дека нејзината топла месеста дланка лежи врз мојата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Очигледно имам посегнато кон чашата со ракија а нејзината дланка ми ја ускратила намерата. –Не се сеќавам каде се сретнавме и како втасавме овде, ако сфаќаш за што ти зборувам? - велам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За Нова година не отидоа никаде, останаа во куќата на тетка Перса, во нејзините топли одајќи, во истовреме заштитени со нејзината широка и несебична љубов.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тогаш Влатко седна до баба си, ја галеше нејзината топла дланка и молкум ја гледаше.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во нејзината топла душа, исполнета со синевината од која не можеше да ја раздели никаква граница.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)