нејзин (прид.) - стар (прид.)

Штом ќе ја постигнела својата цел, средната категорија ја враќала ниската назад на нејзината стара слугинска позиција, а таа самата станувала висока.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А толку многу докази постоеја за постоењето на Македонија, за нејзината стара цивилизација.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дури кога ибн Тајко му се придружи на народот, разбра дека тука се гради црквата Свети Димитрија, сега наново: амамот на Даут-паша, што овој го изградил со лично свои пари, на нејзиното старо место, уривајќи ја, никако не успевал да ги привлече досега капачите, уште помалку пак, да го надмине Чифте-амамот како што отпрвин му била намера. А толку убав амам!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мајка беше сигурна дека Татко имаше многу работи да ѝ каже за нејзините стари знамиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Слуша: пред колибата на нејзините стари родители водат бескрајно монотон разговор што потсетува на молитва.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како и да е, со наредба од меџилисот, се дозволи градење на нова црква „Свети Димитрија”, малку подолу од нејзиното старо место и поблизу до мостот на Вардар.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)