нејзин (прид.) - поранешен (прид.)

Ѝ заглави чивија да не мрда, и започна со неа да ја копа градината, да ја чисти од трње и коров, да засадува цвеќиња и дрвца да ја уредува, да ѝ го враќа оној нејзин поранешен лик, да ја оживува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Само што избегала од куќата, таа жена истрчала колку што можела и не можела кон куќата каде што живеел нејзиниот поранешен маж со жената и детето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пред да и каже дека ќе се жени, нејзиниот поранешен маж, уште еднаш разговарал со неа, молејќи ја да попушти.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ете така некако, по таа линија, не знам дали директно од Франција или од некоја од нејзините поранешни колонии, тој паричник дојде во мои раце.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, овој пат таа им дава до зна- ење на нејзините поранешни директори дека ова е последен обид и дека ако и сега ја изиграат – проблемот ќе го реши по судски пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Односот на директорите по ова прашање е веќе виден.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Слично како и во случајот со неисплатените седум плати, тие ја уверува дека тоа набрзо ќе се случи, односно дека во најбрз можен рок таа ќе ги добие и заостанатите плати и неисплатените испратнини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нејзината поранешна мисија да го спасува семејството, децата, во војна, се менуваше во мисија да го спасува и во мирот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бабицата проверуваше, гледаше како плодот напредува, но постојано ја мачеше помислата: што стана со оној нејзин поранешен плод; останат ли е во неа, се стопи, или можеби се работеше за лажна бременост, каква што често се случува кај жените, особено кај оние што имаат преголема желба да имаат пород, да родат, и кои обземени од тоа и од психичката напнатост - понекогаш им се присторува како да зачнале: им се јавуваат слични знаци како кај затруднета жена: болки во стомакот, во половината, гадење, повраќање, посебна желба за јадење, несоница, чувство дека мевот им расте...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)