нејзин (прид.) - омилен (прид.)

Порано и баба ѝ и дедо ѝ живееле во таа куќа, но сега тие живееле со другите внуци.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А мајка ми би го додала оној нејзин омилен цитат од Иво Андриќ: „Од толку нешта се плашевме во животот, а не требаше, требаше да го живееме”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Саканата, избезумена и занесена, ќе го стави цвеќето во нејзината омилена вазничка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа го гледа со чудење и му вели дека тоа е нејзиниот омилен режисер; тој ладнокрвно се насмевнува и почнува да набројува и други негови филмови.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бак заспа откако Љубе го нахрани, а тетка ми Ане дури и запеа кога тој и ја пушти нејзината омилена песна „Карузо“, во изведба на оперскиот пејач Павароти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние двајцата, Саше и јас, без да нè забележат, отидовме во неговата соба и си пуштивме наша музика, како што и им одговара на едни вистински кич деца.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зад шишињата ракија пронајде кутија за чевли заврзана со црвена панделка, нејзината омилена боја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имав впечаток дека Игбал го слуша овој наш разговор и дека го одобрува со насмевка, задоволен, но не сака да се замеша.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)