нејзин (прид.) - нежен (прид.)

Се прелеваат боите на нејзините нежни крилја од играта на зраците, од сјајот на сонцето.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Кај неа дотрчува нејзиното куче кое веројатно шетало неоколу и ѝ седнува во скутот; таа го жулка, го гали по главата; тоа чувствувајќи ја нејзината нежна, мила рака, уште повеќе се припива во неа, уште повеќе се умилкува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Имитирајќи ја Кети, и таа се навикна да работи боса во градината, нејзините нежни стапала постепено се навикнаа на калта, па дури и уживаа на мекото цедење на земјата меѓу прстите на нозете.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- топло, од срце почна да шепоти Елена, а нејзината нежна рака веќе лежеше врз главата на кучката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас мислев на темнооката Миру, на нејзината долга, мазна, свилеста коса и на нејзините нежни и тенки прсти под кои се раѓаат ѕвезди, птици, цвеќиња, овошја, облаци и животни, и знаев дека тоа што го чувствувам е она што возрасните го нарекуваат љубомора и дека нема врска со онаа љубомора со која брат ми има обичај да ми ја јаде душата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вадим почна да наликува повеќе на шумски дух отколку на научник, и најмногу се плашеше да не ги изгуби своите математички способности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, колку и тоа да е чудно, најмногу од сите беше исплашена Ирина; таа лежеше во градината на трева и ги милуваше своите дебели бутини; стравот од лудило ја беше приковал за земја; но и во ужасот, таа покажуваше здрав разум: овој настан ги урна нејзините планови, и сега се плашеше и да помисли на тоа да го напушти Вадим; „кому би можела да му требам ваква“ - се матеше во нејзината нежна глава...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Д-р Максимилијан Мертен задоволно ја брише устата со салвета по обилниот појадок, не брзајќи да се сретне со оној снисходлив Евреин што моментно раководи со солунската еврејска заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја сонуваше Гита среќна што го гледа, ги чувствуваше на скочанетото тело прегратките на децата, го сонуваше мирисот на чистата постела, мирисот на целерот од супата што му ја принесуваше Гита, мирисот на нејзината кожа, нејзиниот допир, нејзините нежни галежи...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Знае дека тоа се машки работи, дека нејзината нежна конституција одвај тоа ќе го поднесе, само во тоа може да има и надеж дека во некоја прилика ќе го истресе црното семе од себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Господи, што сѐ ѝ претстои, што сѐ ја очекува нејзината нежна, малечка, кревка Ивана!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)