нејзин (прид.) - невидлив (прид.)

Една искра најдолго се мачеше во мракот, Стоеше пред кандилото, молеше пред прозорецот да се отвори, И кога ѝ откажаа нејзините невидливи крилца Сѐ уште светкајќи падна на мојата дланка И како на студена постела легна – и згасна.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но, нешто, како некој нејзин невидлив непријател одвнатре, од самата неа, да ја тераше тоа да го прави.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Облечена беше во сукња од румено-кафеав материјал, нозете голи до височко над колената и со разградена свилена блуза во морски сина боја под која воздивнувачки немирно лежеа нејзините невидливи дојки налик на трајно вознемирени мачиња.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)