нејзин (прид.) - најголем (прид.)

Оваа предност на уметничкото доживување на нов начин истовремено е и нејзина најголема мана, бидејќи за разлика од генуината уметност, којашто допира речиси до секој човек, таа е резервирана само за оние кои мораат претходно да се доведат во иста состојба на променета свест и на нови естетски вреднувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа исто така предизвика еден вид завист кај него кога му кажа дека нејзиниот најголем проблем за време на Двете минути омраза е - како да не прсне во смеа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, уште при првиот чекор во оваа земја, се доаѓа во допир со нејзиното најголемо и најдрагоцено богатство - нафтата, која извира од рамнините на Плоешти...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но балетот е нејзината најголема страст. Цела му се предава.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но, колку таа можеше да биде искрена, кога во долапот на потсвеста на Рада сѐ уште беше нејзината најголема тајна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзин најголем страв бил дека ќе заврши како неа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тогаш настанало нејзиното најголемо разочарување.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мајка ми ми раскажуваше за разни случки од нејзиното детство, ми опишуваше како изгледала на таа, моја возраст, какво дете била, „занесено”, како твојата Мила, многу слична на неа, така ми објаснуваше, ми раскажуваше за игрите на улица, и за нејзиниот најголем предизвик што често ја измачувал ноќе пред заспивање: на полноќ да го изоди шеталиштето во Градскиот парк од едниот крај до другиот, сама, и да се врати назад, дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тоа беше чудна желба, од која ужасно се плашев, а многу ме привлекуваше, - рече таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа тие не го знаеја. А нивното незнаење нејзе ѝ беше најмала грижа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар да ги убедува грдите сеирџии дека она, што го сметаат за нејзина слабост е всушност нејзината најголема среќа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И се сетив на ноќите на очај од мојата младост, од она време кога мајка со крвничко уживање тураше сол на отворената рана на мојата душа, се сетив дека во тие ноќи копнеев по оваа ноќ, по нејзината последна ноќ – тогаш, десетина иљади ноќи пред оваа ноќ, посакував одмазда, и единствената одмазда можеше да биде во мигот на нејзината најголема немоќ, во нејзината немоќ пред смртта, да ја потсетам на мојата немоќ, на нејзиното ѕверство во моето страдање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И сега гледав во оваа Амалија која немаше ништо заедничко со онаа Амалија, немоќта на оваа жена која умираше ме потсетуваше на мојата некогашна немоќ, а јас не сакав, или не можев, во себе да го разбудам ѕверството кое во себе некогаш го имаше таа и со кое ме тераше да тонам сѐ подлабоко и подлабоко, ѕверството со кое – ако го разбудев во себе - навистина ќе бев нејзина ќерка не само по крв, ѕверството кое требаше да ја натера да страда заради сопственото ѕверство, моето ѕверство кое требаше да ужива во нејзиното очајно каење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш дури изјави пред мене дека токму нејзиното однесување, однесувањето на Рајна, го спасило бракот на онаа божемна Генералица која којзнае што сѐ си замислувала.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Насекаде се претставуваше како нејзина најголема ако не и единствена вистинска пријателка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)