нејзин (прид.) - мрачен (прид.)

Камилски со уверлив глас, како да се наоѓаше на својата некогашна катедра, продолжи: Башибозукот, како архаична варијанта на мерценеријата на Балканот, со сите нејзини мрачни обележја, во крајна линија беше дел од османската воена машинерија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Порано беше несреќна, но го контролираше своето однесување и држење, своите постапки, а сега заплисната од радоста, им се препушташе на чувствата и страстите бацувајќи го Богдана пред сите или водејќи го за рака во собата на љубовни наслади, среќна и благодарна што Богдан ја преобрази, што цветот на нејзината убавина, извлекувајќи го од нејзината мрачна душа, го разви и расцути.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)