нејзин (прид.) - кревок (прид.)

Рожбите ја зајакнуваа. Нејзиното кревко тело, од рожба во рожба, стануваше сѐ појако, но и грижите беа поголеми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И сите нивни подоцнежни средби ги имаа тие нијанси од првото видување, таа радост и таа непријатност, тоа исчекување, тоа љубопитство, тоа воздржување, таа несигурност, сите тие нешта кои се мешаа со зборовите, а сепак завршуваа во некаква неизговорливост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многупати потоа го враќав во сеќавањето тој миг, таа несигурност не само во нејзиното, туку и во неговото држење, присилната воздржаност во погледите, зад која пронижуваа исчекувањето и љубопитноста, и онаа радосна непријатност, составена од среќа и срамежливост, што трепереше по нејзиното кревко лице, и по неговото лице кое се стремеше да изгледа секогаш сериозно, заради што уште во првите години од студирањето тој беше пуштил брада.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, забавените движења јасно покажуваа дека болеста веќе заорала длабока бразда, пуштила семе и само беше прашање на време кога корењата ќе се рашират по нејзиното кревко тело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа беше со него на работа, а нејзината кревка убавина и нежност, нејзините сини очи, нејзиното самовилско присуство секогаш му го исполнуваа битието.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Тие мислеа дека вградувањето на железни прачки ќе ме одврати од намерата да летам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Отворено искажуваше сомневање дека господата во бели мантили ја искористиле грешката што ја сторила при обидот за премин во другото време за да вградат во нејзиното кревко тело железни прачки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)