нејзин (прид.) - женски (прид.)

Јас бев штотуку дојден од фронтот, уште груб, острвен, со сета душа потоната во крвје и сосем одвикната од бледите лица на Софија, со нејзините женски тоалети и парфеми...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нема да ме изненади ако почне да ме уверува дека ме има уловено со парче сиренце на нејзиниот женски блинкер.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тогаш, под оние маслинки, не ѝ рече ништо за нејзината женска артистичност. Ни потоа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)