нејзин (прид.) - еротски (прид.)

Кога сфати што е тоа што Едо го виде во неа и особено кога помисли на нејзините еротски убави нозе, се сети на една случка минатата или поминатата година.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги нагласува типично мачоистичкиот неслух на каубојот за иронија, неговото целосно немање свест за можната двојност на неговиот говор; открива колку упадливо нема дух (што е и недостаток и, барем за да биде бучот привлечен, крунска доблест); ги вкрстува, на класичен камповски начин, кодовите на мажественоста и на женственоста231 (спореди со апокрифната приказна за тоа како за време на една литургија Талула Бенкхед му спуштила на некој свештеник кој го нишал кандилото: „Срцка, мантиичево ти го обожавам, ама чантичево ти е џиш“); ја разбива атмосферата на мажествена сериозност околу стрејтерската машка атлетска изведба и нејзината еротска привлечност за геј- мажите; сведочи за неспособноста на кампот дури и да си замисли машки свет во кој ќе живеат исклучиво „нормални“ мажи; ја изместува насоката на разговорот од здодевно, неиронично мажествена кон иронично женствена; го спушта каубојот преправајќи се дека божем го побркал со заиграна дрег-кралица, а тоа значи дека го става неколку скалила подолу на лествицата на сексуалната престижност од онаа на којашто навистина се наоѓа; но и имплицитно ги кара другите присутни мажи што толку сериозно го сфаќаат Каубојот, а сепак не прават ништо за да ја сменат привлечноста поради која и понатаму е предмет на нивното еротско интересирање. ‌
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Емори, кампот, му враќа: „не се носат петици кога се креваш на бицепси“.230 Шегава има голем општествен и културен полнеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Почнав на девојката да ѝ покажувам пози кои уште повеќе ќе го истакнат нејзиниот еротски израз.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)