нејзин (прид.) - елен (прид.)

Треба да си рече оти од нас помош ќе нема, така што почнаа во очите нејзини еленски да ѝ навираат солзи, ѝ навираа така солзи и очите ѝ се полнеа како дупчиња во карпа кога се преполнуваат со вода дождовница и кога ѝ пребликнаа, солзите почнаа да ѝ се ронат од очите и да ѝ течат како на тетка Божана кога ѝ умре детето нејзино Миле на петгодишна возраст.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)