нејзин (прид.) - дефинитивен (прид.)

Таа криеше големи тајни кои, за нас, нејзините деца, останаа засекогаш за­копани во нејзината пословична тишина која небаре остана и нејзиниот дефинитивен јазик. Мојот Мајкин јазик на тишината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби најголемата моќ Мајка ја покажуваше во справувањето во самотијата, во сите фази од својот живот, уште како сираче, кога останала без својата мајка, па во долговечниот егзил, кога Татко заминувал во потрага по спасот, па кога ѝ заминуваа синовите и ќерките, формирајќи свои семејства, па кога исчезна Татко, таа, до крајот од животот, се справуваше со сите облици на самотијата, до нејзиниот дефинитивен облик – смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)