нејзин (прид.) - љубовник (имн.)

„Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник“ со закачување на огромна репродукција од „Стражарската гилда на Св. Георѓи во Харлем“ на Frans Hals, на ѕидот од ресторанот каде што се одвива поголемиот дел од дејствието.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Играта со артифициелноста се реализира од кадровите на паркиралиштето, фасадите и yидовите низ кои минува камерата преку музиката на Мајкл Нојман (пеењето на “Miserere” во кујната и пурчеловската репетитивност), сѐ до анегдотата со првиот дијалог на жената на крадецот и нејзиниот љубовник, собирачот на книги.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Давењето по броеви“ своите поаѓалишта секако ги има во народните преданија и во симболиката на пејсажните игри и правила, Миметичките и дидактички својства на ликовите и односите што ги донесе квартетот „Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник“ ја отвораат вратата кон алегоричниот ужас на земските закони и појавниот свет. okno.mk | Margina #8-9 [1994]
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Хиерархиските поставки за филмот „Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник“ паралелно се материјални, семантички и историски. 38 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Самиот Гринавеј својата литературна предлошка толку ја модификува што тој на некој начин станува подобар или „подобар“, како што е случај со драмата THE DUCHESS OF MALFI (Војвотката од Малфи, 1614,) на Џон Вебстер која беше инспирација за ГОТВАЧОТ, КРАДЕЦОТ, НЕГОВАТА ЖЕНА И НЕЈЗИНИОТ ЉУБОВНИК, кадешто, како што тврди Шон Френч, „различните простории изгледа дека претставуваат различни етапи од историјата, едно архитектонско исмејување на човечкиот прогрес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Насловните ликови на филмот на Гринавеј “Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник”, по истиот ред откриваат: еден итар мајстор-естет, еден тиранин-незналица, неговата угнетена и снажна женка и нејзиниот резигниран истражувач.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И дали нејзиниот љубовник во „Страв од летање“ навистина може да се нарече љубовник во сето полуимпотентно измачување на кое ја подложува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Јас вриев; нејзиното смеење ме доведе до состојба на нервна раздразнетост; веројатно уште вриеше и ракијата од пладневната жега, и виното што сега навлегуваше во моите вени; ме навредуваше што таа рече дека не слушнала никогаш посмешно нешто, и во свеста ми се врати точката со наивниот маж, Петрунела и нејзиниот љубовник; ја прашав што е толку смешно, а таа се навали на ѕидот од кејот, и сосема опуштена, рече: „Прашај во Партијата; можеби водат записник.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем ми раскажа дека тој го чул целиот разговор меѓу мене и неа, кога ме молела да ја повторам точката со скалите, Петрунела и нејзиниот љубовник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја изведов точката беспрекорно; на еден необично, гротескно висок кревет, што го бевме направиле специјално за таа намена, лежеа, во прегратка Луција и Земанек, а јас со скалата, потпрена на ништо, во воздух, се обидував да се качам и да видам што прават; јас бев, наводно, глупавиот сопруг на Луција, а Земанек нејзиниот љубовник. Луција П беше Петрунела.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа ти е апсолутно сјаен момент кога стварно плачеш – последниот чин на Камелија е и таа е на кревет [умира од туберкулоза], а таму е и Арманд [нејзиниот љубовник]...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)