нејзин (прид.) - храброст (имн.)

Ги знаев тие нешта, и самата гледав како Клара се себеизмачува во својата затвореност, но сепак го слушав Густав со внимание, затоа што ја чувствував неговата потреба преку зборување да се ослободи малку од тегобноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ова нејзино кажување, кое­што повеќепати го повторуваше, секогаш предизвикано од самите настани, не ја открива само суштината на нејзината храброст да се соочува со неизбежните настани во историјата на нашето бегалско семејството туку и вербата во мајкината метафизичка верба, во нејзината натфизичка сила.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На нејзината постапка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знам дали се чудев или пак ѝ заблазнував на нејзината храброст!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секогаш ги раскажуваше истите нешта: како нивната мајка го исфрлала бесот врз сестра му уште кога таа била девојче, како Клара била претепувана кога организирала протести за правата на жените, децата и работниците, како полека нејзината храброст и бодрост се претворале во затворање на својот испразнет свет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Простете, јас сум новинар, и чув од вашите соседи за нејзината храброст.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)