нејзин (прид.) - фустан (имн.)

Долго ливадите ја паметуваа нејзината прошетка по нив На прсти се поткреваа тревките за да го допрат нејзиниот фустан И жолти и бели и небесни гласови на цветови ѝ го довикуваа името И ја молеа да седне Но таа продолжи, исчезна меѓу брезите и ѕвездите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Таа го чекаше нејзиниот фустан од жолта руска свила, а од него абер немаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден ден, гледај чудо! Мајка ми го ставила прстенот, но ништо не вели.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но бидејќи онака, осветлена од сонцето, и подзамижана, и целата блескотна, ги оставив веслата и, што ми стана, ја пуштив раката кон нејзиниот фустан.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
“Можеме да се обложиме дека сум,” се насмеа Лу, “кралската ќерка е величествена, нејзиниот фустан е извезен од злато, образот го постави на бакнежот како комета која го пробива патот до сонцето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)