нејзин (прид.) - улица (имн.)

Ја поздравуваа од сите страни. Како вистинска светица на нејзината улица.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Софија денес има педесеттина илјади автомобили и уште десеттина илјади други кои секојдневно се сливаат во нејзините улици од другите градови или од странство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Убаво е во Варшава да се пресечуваат нејзините улици, да се шета така бесцелно, од едно до друго место и, се разбира, не ќе сметаш дека си бил во неа, ако не си се надвиснал над Висла од мостовите, таму близу до Воениот музеј.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите ние, ненаметливо, ги зголемувавме Мајкините средства наменети за сиромашните од нејзината улица.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зашто, човек ако овој град го знае само од дните кога е обвиен во зеленило и во цвеќе, се разочарува и истинува од „убава Софија“, ако ја спореди со таа оголена, без цветните паркови во дните кога нејзините улици се побелени или раскашавен од стопениот снег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Варна во летните месеци во своите пазуви прибира стотици илјади летувалци од многу страни на светот и тогаш на нејзините улици е тешко луѓето да се разминат, а на плажите е видлив необичен вриеж.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)