нејзин (прид.) - тежина (имн.)

Граѓаните, барем оние со кои се среќавам, ја одобруваат покривката и нејзината тежина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Градот под нејзината тежина ниту мрда ниту писка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Оди полека кон нив на секое скалило за миг застанувa небаре проверува дали ќе ја издржи нејзината тежина, се доближува до милите, а тие свртуваат грб и влегуваат дома.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеби имаше мали проблеми во сексот со оглед на нејзината тежина, но тоа не беше причина за нарушување на мирот во куќа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Регулатор на нејзината тежина најверојатно беше рибата која речиси секојдневно беше застапена во нејзината исхрана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По брчките на Томовото лице можеше да ја насети нејзината тежина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тодора не се потурчи, но идеше во Бразда да си ги види децата, терајќи ја бесно чезата, опасно налегната, како корито под нејзината тежина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А после пак продолжуваше да ги прави оние свои мачни чекори, додека топорејќи му се со некое свое урнување врз него со сета нејзина тежина и недоодливост се надвиснуваше најпеколната мачна угорница на белиов свет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пелагија климнува и црпнувајќи ја Пеличка силно ја стиснува на своите гради и не чувствувајќи ја нејзината тежина тргнува пред Перса правејќи ѝ пат до широкиот двор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа не ја ни осетува нејзината тежина додека ја изминуваат Ѓуро Ѓоновиќ сѐ до малечката куќичка на мајка Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Коњот бревташе од нејзината тежина, а и Дукле имаше голема мака помагајќи ѝ да се качи и да слезе од коњот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)