нејзин (прид.) - тага (имн.)

Подлабока беше причината на нејзината тага.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Извираше од оној нестивнат копнеж по крајот од каде што дојдоа во овој град...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Длабоко во очите на тоа девојче ја прочитав нејзината тага или разочарувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Човекот со него ја вдишува убавината на пролетното чудо и глувиот виеж на нејзината тага.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Интимно во себе многу се изнервирав од оваа посета, па ти умираше на педесет и некоја година, а оваа тука место да има почит кон твојата болест ми зборуваше само за нејзината тага, за мајка ѝ.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Како што полека се смируваше, звуците што ѝ допираа до ушите не престануваа и сега нејзината тага се престори во страв кој почна да ѝ ја лади крвта во вените.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Простено нека ми е што зборувам вака за еден таков момент, но несреќата на една жена, нејзината тага, и особено нејзините солзи, тебе како маж не те тераат да ја жалиш, туку на мислата да ја утешиш со своето срце. Ми зборуваше нешто, но јас одвај дали ја слушав.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Му дојде сега и она тага, што требаше да му биде заедничка со неа, но која секогаш продолжуваше да останува само нејзина тага, од тоа, што таа не можеше да му роди уште некое дете; тоа лекарите го рекоа уште веднаш кога го имаа Јовко.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
1 Го оставивте пуст патот на нејзината тага избегавте од допирот на студените прсти па сепак навраќавте верувајќи дека ја нема за да го чувате трагот што останал можеби по неа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се прегрнаа. Татко ја почувствува нејзината тага и солзите на образите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)