нејзин (прид.) - страдање (имн.)

Лежеше настрана, со едното око скриено, а во другото се отсликуваа нејзината збунетост и нејзиното страдање.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во секој нејзин посребрен кичер се криеше тајната на нејзиното страдање, вкоренето во длабочините на нејзината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нема чедо кое, во пролеаните солзи по упокоената мајка, не ја изразува својата тага поради загубената можност да ѝ се оддолжи за сите нејзини страдања и жртви.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога велам најизмачена не судам според нејзините страдања во текот на животот, тука на тоа ја додавам и нејзината долговечност, имено таа импе сто дваесет и шест години, кога се одвои од овој свет.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Учеството на Мајка во балканската историја беше директно, посебно низ историјата на нејзините страдања во спасувањето на децата, на семејството, во времето на војните и на преселбите, додека Татко речиси целиот живот ја пишуваше својата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дали болката, како и мачката со глушецот, играше игра со неа, продолжувајќи го своето уживање со тоа што го продолжуваше нејзиното страдање?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Само јас знам за нејзиното страдање дури дозна, и откога дозна, дека Стефан е во манастир.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)