нејзин (прид.) - солза (имн.)

Простено нека ми е што зборувам вака за еден таков момент, но несреќата на една жена, нејзината тага, и особено нејзините солзи, тебе како маж не те тераат да ја жалиш, туку на мислата да ја утешиш со своето срце. Ми зборуваше нешто, но јас одвај дали ја слушав.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Треба да признаам: мислев на цвеќето во кристалната ваза, на нејзините солзи по мртвата птица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еден ден, да ја утешам во болката, мојата дланка се најде на нејзиниот образ, а нејзината солза на моето рамо.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Старата мечка го продолжила својот писок, безнадежен и проклет, човекот сега речиси можел да ги види и нејзините солзи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со мака држејќи ги клепките над очи, како да се бори со тежок сон, Ване тивко изрецитира своја песна за девојка што во љубовен занес цела ноќ одела и плачела а од секоја нејзина солза на земјата останувал по еден бисер.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)