нејзин (прид.) - случај (имн.)

Во психијатријата, нејзиниот случај е јасен: типичен пример на манична психоза. Psych.maniaco-depressiva….
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Треба да се нагласи дека иако Костадиновска размислуваше за тоа, таа никогаш не се реши за нејзиниот случај да се обрати до Трудовата инспекција.4 Причината за тоа, како што посочува, е сознанието за корупција кај инспекторите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, тие ја замолуваат спорот да не оди на суд и се сложуваат да ѝ го исполнат барањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После консултација со адвокат (Е. Јоцевска), која правно ќе ја застапува во сите понатамошни фази на спорот, во текот на месец март 2006-та, таа покренува работен спор пред Основниот суд во Битола, со цел по судски пат да ги оствари своите побарувања (поднесува колективна тужба заедно со уште двајца вработени во фирмата).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И покрај ваквиот исход во најзиниот случај, Ангелеска начелно е задоволна од конкретната работа на судиите, а и е пријатно изненадена од тоа што решавањето на спорот се случи на само едно рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ангелеска напоменува дека доколку за време на судскиот спор имаше повеќе рочишта, времени мерки и жалби против решенијата (што за нејзина среќа ги немаше) – во тој случај, судските такси и трошоци врз нејзе ќе делуваа дестимулирачки при самата помисла да тужи, бидејќи барањето правда во РМ стана привилегија само на богатите кои можат да си дозволат да ги платат скапите такси и трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, како по обичај, по којзнае кој пат, нивниот збор нема никаква тежина и таа пак не го добива она што законски ѝ следува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сето ова делува демотивирачки да го изложи нејзиниот случај пред овој орган, кој работи во склоп на МТСП.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Обѕрни се наоколу и види дали си помалку шетана од другите твои другари, па после негодувај.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не споредувај се со Ивана, нејзиниот случај е различен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во нејзиниот случај вистинското прашање не е како, туку кога?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но, нејзиниот случај беше посебен. Најтежок... ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Притоа додадов дека нејзиниот случај по се изгледа зазема врвно место меѓу неправедно заборавените случаи од тромиот ум на државата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина се чувствував неудобно. Се срамев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие претставуваат потенцијални места за влез во начин на суштествување усогласен со твојата визија за еротско и естетско совршенство, наместо постоење што ти бара да си ги жртвуваш сништата во служба на стварноста – на тмурниот, исполнителен живот како оној од улица Корделија во Питсбург кај Катер (бистро именувана според скромната, нестремежлива, буквална ќерка на кралот Лир) – како што стрејт-општеството би сакало да правиш.281 Во таа смисла, борбата на Пол во приказната од Катер или борбата на Веда во Милдред Пирс е борбата на машката геј-култура како целина.282 Веда не само што ја застапува каузата на бегството, со помош на пари (во нејзиниот случај), од задушниот свет на хетеросексуалните семејни вредности; таа исто така се бунтува и против самиот биолошки детерминизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите овие видови луксуз ти овозможуваат да живееш во подобар свет, кој не мора да биде поскап.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеш да дојдеш до живот во гламур преку секс во најмала рака така што ќе уживаш во непопречувани сексуални задоволства со незнаен број посакувани луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете тоа беа моментите кога не само што помислував туку и верував дека, во нејзиниот случај, милувањето има волшебната моќ и дека рацете навистина ѝ се престоруваа крила.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Откако беше вовела рестрикции во исхраната нејзините гради како да ја губеа цврстината што почнуваше да ме загрижува. Зарем не забележува?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сочинета од маглив превез или нешто слично, превез кој наеднаш се растопува и исчезнува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од оваа раздалеченост можам да речам дека во нејзиниот случај стануваше збор за некој вид воздушеста збунетост!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека ги милував чувствував како кожата ѝ станува најмеко перје.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А што се однесуваше до нејзиниот случај сериозно сметав дека преголемите обѕири кон силуетата веќе сега влијаат на цврстината на нејзините гради.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За нејзиниот случај во Германија е снимен документарен филм, а наскоро се појави и споменатата автобиографија.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А и татко ти, иако го викнаа за сведок, не можеше со сигурност да потврди и да објасни кој бил човекот што поминал покрај него а со кого легнала кутрата Босилка во таа нејзина единствена ноќ и со единствениот нејзин случај на платена љубов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)