нејзин (прид.) - слика (имн.)

Дури и во сон не можеше сосем да се ослободи од нејзината слика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми се чини дека ако нешто ѝ е важно во животот тоа се тие нејзини слики и цртежи, тој нејзин волшебно возбудлив свет во кој таа е вистински господар.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За среќа се покажа дека Фрањо не бил заинтересиран за нејзината уметност, па откако се уверивме во тоа, повторно се вративме на претходната тема. Темата Мартин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И стариов сака да доживее едно такво среќавање, макар со нејзината слика.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ќе можеш ли да ми најдеш нејзина слика? - праша Соколе тихо, а погледот му се управи молезливо на момчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој дури сега можеше да сети што би значело за него да ја има при себе нејзината слика.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)