нејзин (прид.) - сеќавање (имн.)

Најпосле успеа да го натера нејзиното сеќавање да се врати назад, сѐ до нејасното присетување дека едно време непријател беше Истазија, а не Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа во мигот не можеше да ја разоткрие тајната на неговото необично расположение, но нејзините претпоставки дека тоа, сепак, е предизвикано од книгите, библиотеката, набргу се покажаа точни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според нејзиното сеќавање тоа се случуваше за прв пат откако се врати од Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од друга страна, не ми беше доволно јасно колку моите одговори им помагаа на истражителите да ја отворат Ема, да ја охрабрат или да ја заплашат, за да ги исцрпат нејзините сеќавања и нејзините сознанија за делото во кое учествувавме двајцата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Освен раскажувањата, макар и многу површни и колебливи, во моето семејство од колено на колено, за мојот предок, а исто така и меѓу жителите на селото, во овој случај имаше барем две совпаѓања: прво, човекот што го споменуваше Јохан Барт под името „Поцо“ беше од Маказар, од каде што потекнував и јас, а и парчето метал со написот „Поцо“ се најде во Маказар и второ, се потсетив и на тоа дека мајката на Надежда, старата, во една прилика пред да почнеме со копањето на бунарот, ми рече дека, според нејзиното сеќавање на раскажувањата на луѓе, на тоа место некогаш веќе постоел бунар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сонцето што се плеткаше веќе по дрвјата од бавчите со стотина лачи удираше во валканото џамче и ја откриваше просторијата, односно одајката, како гостинска одаја од нејзиното сеќавање: џам, да, џам, леле Господи! И ќумбенце, и врата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Жалев бидејќи стануваше збор за убавините на една ноќ на која присуствувавме и двајцата, а ете, на некој волшебен начин таа ноќ исчезнала од нејзиното сеќавање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се обидував да ја наведувам кон некои врвици од нејзиното сеќавање, по кои таа одбиваше да оди.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Самото време, така прелистано, се враќаше во нејзиното сеќавање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше многу поединости кои не можеа да се најдат во многуте написи и книги за Мајка Тереза кои, тие години, не престануваа да се множат во светот. ѝ ја дополнував на Мајка историјата за оваа храбра и единствена жена во светот, каде што запираше нејзиното сеќавање, дополнувано од маалската легенда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)