нејзин (прид.) - рамо (имн.)

Навали глава на нејзиното рамо, ја гушна, се пригушна до неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стави рака на нејзиното рамо: - Бојанко, душо, погледни ме... Пари, писмо, сѐ, сѐ ќе ти пратам.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа седнува до неа, и ладно, како ништо да не било, пред целиот свет, ја става раката на нејзиното рамо.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но кога снимате театарска претстава во една соба, многу е тешко да се направат резови.” •Кон Јаже не пријдовте од комичен аспект, како кон Психо? •Хичкок: „Не, природата на злосторот во Јаже беше премногу страшна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Милан отиде право кај Рози и нежно ја стави својата рака на нејзиното рамо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бојана го припи своето тело до Александар, го погали по образот и му ја стави главата на нејзиното рамо.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Му се стори, нејзиното рамо потрпнува во прилив на неречени желби. Што можеше тој?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Профим го стега коњот за оглавот да не мрда; Царјанка ги шири рацете и им забранува на сестричките да истрчуваат пред коњот; по скалите трча Профимица со капчето в раце за да му го стави на Скрче; но сликарот чкрапнал, та сè е фатено во една подготовка за сликање; петта фотографија: пак Профим, жена му Профимица и синот Скрче, но сега малку потпорастен; во рацете држи свеќа; зад нив е црквата, околу нив гробиштата, расцутен јоргован, неколку деца што се бркаат со запалени свеќи в раце за да си ги потпалат косите; некое дете во мигот на чкрапањето е фатено одзади каде што им се исмејува со издолжен јазик; шеста фотографија: фотографијата е направена во сликарско ателје во градот: на стол седи Профимица, в скут го држи Скрче во морнарски алишта, до неа седи Профим, потпрен со раката на нејзиното рамо и облечен во градски алишта што му ги позајмил сликарот за сликање; зад нив кулиса што претставува богата градска одаја, украсена со слики, голем ѕиден саат, на ѕидот распнат персиски кавијор со лав чијашто глава со разината уста се наѕира меѓу Профим и Профимица; на Скрче главата му е помрдната при сликањето и изгледа како да е двојна или како да се гледа низ матни очила; седма фотографија: сите деца заедно: Царјанка, Андромеда, Девица, Венера и Скрче; девојчињата држат во рацете китки цвеќиња, а Скрче мало кученце што не седи мирно; сликарот доближен до нив повеќе отколку што треба, не ги фатил сите убаво: Царјанка, која е на едниот крај од сликата, ја фатил половина, како пресечена од главата од петиците; уште тогаш Царјанка сакаше да ја скине сликата, но татко ѝ Профим не ја оставаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ѕвезда го шета сѐ додека питомо не ја спушти главата врз нејзиното рамо. Тогаш го води на поило.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Читаш ли книга? Одговорив нешто нејасно, загледан преку нејзиното рамо во темниниот ѕид.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се сопнал а можеби и сакал така да се случи, не знаел (најпосле тој трик можел да го научи во лесновската шума од неуморниот заведувач Арсо Арнаутче), паднал повлекувајќи ја и девојката со себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Болката во непцето од кое му биле истерани забите со удар на беговски кундак го раздразнувала и се враќала при најмал допир, и тој ја пуштил, се обидел да ја тргне главата од нејзиното рамо и веќе не знаел ја прегрнува ли или ја бута од себе; нејзините раце, како таа да барала заштита во паѓањето, останале склопени во топла алка околу неговиот врат додека топлината на женското движење му го заплиснувала издолженото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја префрлив раката преку нејзиното рамо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи, по која патека се движи нејзиното сомнение и како да ѝ помогнам?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја клавам раката на нејзиното рамо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе се предаде ако сум навистина јас, ќе се припие на моето осветлено пространство, поубаво и повистинско; само да дојдам крај неа и да ја спуштам дланката на нејзиното рамо. * Клара Аицети де Араос и нејзиниот сопруг пристигнаа во Будимпешта на 6 април и се сместија во Риц.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пристигна на мостот и го премина до средината одејќи сега мачно, бидејќи снегот се противеше, а од Дунав расте тежок ветар угоре, закачува и шиба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)