нејзин (прид.) - придонес (имн.)

Фокусиран врз рационална критичка аргументација и користење на разумот, во Хабермасовиот модел квалитетот на јавната сфера и нејзиниот придонес за демократијата зависи од два фактори: квалитетот на дискурсот (рационално расудување и аргументација), како и количеството на учество на граѓаните (ниво на вклученост во јавните работи). 108 Всушност, токму постепеното проширување на јавната сфера за да се обезбеди поголема инклузивност за Хабермас е еден од факторите кои одат на штета на квалитетот на дискурсот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Токму тука медиумите играат клучна улога, не само за влошување, туку и за подобрување на квалитетот на дискурсот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)