нејзин (прид.) - привлечен (имн.)

Накусо, ако е женската вагина - без оглед на тоа што би кажала психоанализата за причините за нејзината привлечност - место во коешто пенисот најлесно ја доживува својата полова реализација, што значи дека во неа на посебен начин се создадени услови што ја поставуваат за остварувачка на половата надразба од прв ред, тогаш мора hi-tech направата електронски да создаде таков систем надразби на телото на примачот што нема да отстапуваат од оние што ги чувствуваме при пенетрацијата во женскиот полов орган или при надразнување на другите ерогени места на кожата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Истото важи и за Прустовото портретирање на обидот на детето да биде сакано од мајка си и да ја контролира.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Овие пристапи ни овозможуваат да го поврземе машкиот геј-субјективитет со поширок сплет од општествени динамики и културни значења. ‌Несомнено е дека некои геј-мажи нашле во сцената од Милдред Пирс средство за преработка на глетката на мајчиниот бес за да ги ублажат болните спомен-траги од отфрлањето од мајката, отфрлање кое има мошне особени емотивни екоти кај настраните деца.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму затоа што Џоан Крафорд не зазема страшно многу простор во нашата култура, како и да ја дефинираме, токму затоа, велам, можеме да се обидеме да ја истражуваме привлечноста што ја побудува кај гејовите без да се чувствуваме лично засегнати од исходот – или, барем, без да се чувствуваме баш толку лично засегнати колку што би се чувствувале кога би избрале предмет во кој сме сега внесени (како Лејди Гага).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, структурните елементи на сцената може да се користат и на други начини за да се направи анализа на нејзината привлечност за гејовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дека геј-културата, нејзината привлечност и нејзината публика требало коренито да еволуираат во истиот тој период е сосема очекувано.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А дури и да немаме инстинктивно сознание за тоа што им значела Џоан Крафорд на геј-мажите од претходните ери, барем ја имаме привилегијата да можеме да се извадиме од гравитациското поле на нејзината силна привлечност и да размислиме за природата на таа нејзина привлечност на релативно незасегнат и непристрастен начин – спокојно, љубопитно и од редица можни стојалишта – што значи дека ни е полесно да коваме критички метајазик на кој ќе зборуваме за тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одредени одговори на тоа прашање веќе дале студијата на Ричард Дајер за геј-мажите и Џуди Гарланд, студијата на Нил Бартлет за геј-мажите и Оскар Вајлд, па дури и студијата на Д. А. Милер за геј-мажите и бродвејскиот мјузикл, при што сите тие даваат мошне различни визии за машката геј-култура и за машкиот геј-субјективитет – иако визии што не се неспојливи со сликата што ја иcцртав тука.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така идентитетите не ни се непосредно на удар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)