нејзин (прид.) - песна (имн.)

Последица на тоа е што геј-привлечноста на нејзината песна сега почива во поп-музичката форма, во нејзиниот ритам и во хармониите, а не во содржината на нејзините болно искрени стихови.139 Формата е тоа што ѝ ја спасува песната.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од огинот на нејзината песна се запали сѐ што е пред неа, околу неа. Сѐ изгоре, сѐ испосуши.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се враќам, а женичката пее најнежно што може, со глас одземен од умор, од работа по куќи, а од нејзината песна и простатата работи нормално, а и холестеролот им е во нормала на моите пензионери.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Низ нејзините песни се чувствува смелоста да се истражува себе си, опишувањето на разнообразните случувања, убавини, вредности, спомени.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Њут Гингрич си ја избрал песната „Разиграна кралица“ (Dancing Queen) од АББА за стандардна мелодија на мобилниот, додека Џон Меккејн сакаше да ја пушта „Дај ми шанса“ (Take a Chance on Me) на предизборните собири во претседателското предизборие во 2008 година.159 Самата група АББА, се разбира, воопшто не беше геј, онака составена од две хетеросексуални брачни двојки, но некои од нејзините песни се популаризираа во геј-клубовите и станаа геј-химни – пред повторно да ги преземе стрејт-културата... и да ги прифатат и професионални хомофоби како Гингрич и Меккејн.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Рада настапи последна. Нејзината песна носеше наслов „Графити испишани по мојата душа“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)