нејзин (прид.) - околина (имн.)

Таму, на Латинска Црква, додека свирачот, седнат на некој камен, им свиреше со к’рнетата, тие, пеејќи, цел ден ја чистеа и ја дотеруваа црквата и нејзината околина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Постои еден прочуен случај врз основа на кој може да се аргументира дека повикувањето на интенционалните концепти од оној вид за кој тука станува збор, е иредуцибилно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Однесувањето на Фјодоровата мачка, славниот пример, со нејзините очекувања на храна и соодветниот избор на место кадешто ќе се склопчи, според ова гледиште, не би можело адекватно да се објасни без да ѝ се припишат, и тоа на не-тривијален начин, состојби како што е имањето претстава за тоа како нештата се распоредени во нејзината околина, и според тоа, извесни верувања и желби со определена содржина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како и нејзината околина, денес наречена Пајко-маало.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Има деца во нејзината околина, ама тие не сакаат да си играат со неа.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)