нејзин (прид.) - објаснување (имн.)

Јана почна да му објаснува, притоа нејзините објаснувања беа проследени со постојано милување на лицето на Жолтко.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не можев да сватам колку жали а колку е задоволна од фактот дека открила оти проблемот на исхраната кај жените има поинакво значење од она кај мажите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе прашувам, навистина ќе прашувам, иако нејзините објаснувања проследени со неочекувани алузии можат да сепнат, умеат да изненадат, и често, најчесто, пронаѓаат пат за да изнудат согласност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Благо не нарачала од оваа причина. – Сè во корист на силуетата - следеше нејзиното објаснување во вид на кликање на птица пред да првне од гранката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во тоа долго надмудрување ќе ги сослушам па дури и ќе ги прифатам сите нејзини непотполни дури и нејасни причини и притоа ќе останам мирен но отсутен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Ме изненади сонот“, беше нејзиното објаснување утредента.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)