нејзин (прид.) - објави (имн.)

Те читав, се разбира, и пред да ме воведеш во чудниот свет на Татковата библиотека, Твојот интимен еквивалент на онаа митска Вавилонска библиотека на Борхес, но Твоите поранешни книги ги следев повеќе од професионален отколку од читателски интерес.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бидејќи нашиот читателски интерес целосно се насочува токму кон проблемскиот или провокативен корпус што ваквите стручни книги задолжително го промовираат, авторите што истиот тој корпус него внимателно го истражиле (за да ни го олеснат пристапот до неговата загадочност) како да ги маргинализираме: за нас, тие како да стануваа вторична појава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, како што ви реков, деконструкцијата постои, посебно деконструкциите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Благодарение на таквиот великодушен гест, јас се почувствував избрана за една од првите, оттука и привилегираните читателки на најновата и засега последна епизода од книжевната серија што толку настојчиво, но и со толку сериозни и автентични причини самиот ја имаш именувано како Балканска сага. Mислам дека нејзиното објавување го следам од самиот почеток, од романот Татковите книги (објавен во 1992 година), кон кој останав и останувам трајно приврзана.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Да се рече дека сето тоа е подложно на декон­струк­ција не значи потценување, негирање, оспорување или превозмогнување, оствару­вање на критика на критиката (како што пишуваа критиките за Кантовата критика веднаш по нејзиното објавување), туку размислување за нејзините можности на друг начин, тргнувајќи од генеалогијата на судот, волјата, свеста или дејноста, од бинар­ната структура итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)