нејзин (прид.) - нога (имн.)

Всушност, сега се сетив дека тоа што почуствував кога ја видов овде на прозорецот, не беше лута љубомора туку горешто посакување моите раце да бидат на нејзините топло оживеани дојки и јас да бидам топлиот радијатор меѓу нејзините нозе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во сето тоа и во што не друго жените навистина генијално се снаоѓаат, но нема итрина со која таа мажот ќе го спречи да истече; уште од нејзината спарнина неговиот пенис ќе ја почуствува во предворјето, меѓу нејзините нозе, пред да ѝ го доставил, уште не брцнат целиот внатре, уште ниеднаш не повлечен наназад за да ѝ го втера пак и да почне да ѝ го напумпува и испумпува она задоволство што доаѓа од сѐ подлабоко и подлабоко од телото додека не почне да се црпи од капиларите на кожата по целото нејзино тело.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ја подаде раката и ја откри нејзината нога, дојде до коленото, го сети нежното месо над него, полека упатувајќи се кон местото на најголемите таинства, и пред да стигне таму, таа му ја стегна алчната дланка со нозете, не допуштајќи му да оди потаму.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Утринска роса меѓу нејзините нозе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Пред нејзините нозе лежеше злато, истурено како куп царевка и чудно светеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Околу неа се врткаше мачката. Нејзе сигурно ѝ беше жал за расплаканото девојче па се галеше околу нејзините нозе и сакаше да ја утеши.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не знам зошто но неочекувано помислив: можеби на мајка ми и студи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега стоевме кај нејзините нозе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Новата сенка на Карамба-Барамба беше ѓаволеста сенка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Друг човек не загубил сенка. Ѝ пријде на сенката и застана на крајот на нејзините нозе и полека зачекори.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Како што одминуваше времето, тој гнев, таа омраза од одбивањето на Луција да ме прими како прв, стана неподносливо бреме за мене, оти сепак се мешаше со преостанатото слатко вино на љубовта; со мене се случи нешто до ден-денес необјаснето, нешто сосема неверојатно: јас веќе не мислев на телото на Луција; не мислев ни на нејзините гради, ниту на нејзините колкови, ниту на нејзините бедра, а најмалку на просторот меѓу нејзините нозе, таа клучалница со непознат за мене запис; со ноќи го сонував само папокот на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Рацете ги имаше склопено и притиснато на градите. Гледаше во ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ист си како онаа чија крв ја носиш, и која, да не те дала на посвојување, ќе те фрлела да умреш на улица, за да не ѝ пречиш кога муштериите легнувале меѓу нејзините нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти некогаш се прашуваше: ‘Кој сум јас?’ Сега го знаеш одговорот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лежеше склопчена, нејзините нозе беа собрани, со колената кон брадата а стапалата кон задникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги ставив моите дланки до неговите дланки, на стапалата на Клара. Беа студени како на мртовец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најмалиот Густав се приближи до нејзините нозе и ѝ ги допре стапалата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со десното колено, малку свиткано за да ѝ биде поблизок во висина, речиси неосетно поставено малку меѓу нејзините нозе, благо ја поттурнува лево и десно за заедно да се свртат по тактот на музиката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Седнат на шанкот, тој ја држеше раката на внатрешната страна од нејзината нога, одвреме-навреме лизгајќи го показалецот по неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Темната облека се здиплува во нејзините нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ти, промрморив и ги раширив рацете, готов да ја стиснам, и со тоа да ги фрлам пред нејзините нозе срцето и разумот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Одат тие по неа ама не гледаат дека нејзините нозе не допираат до земјата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Градбата од камен и тули ѝ нараснала до колената покриени со позлатениот фустан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Арно ама, кога го ставиле првиот камен пред нејзините нозе со црвени налани, се сетила на своето чедо кое како мало кученце имало обичај да ѝ ги грицка обувките.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нејзините нозе почнаа да се движат, а дневната соба ја исполни едноличниот звук на машината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ја притиснав нејзината нога со својата и почекав неколку секунди.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Гледаш, Август, со ногата сум сигурна дека ќе заврне!... Нема утка!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секогаш истата болка... Ме боде под газот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е пак поради нејзината нога...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Поради забрзаниот чекор, нејзините нозе како да стрижеа со ножици во рацете на помамено срце.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот, од своја страна, се почувствува немоќен да ја опише убавината, заносноста и намамливоста на нејзините нозе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Слепите парчиња срчи беа изгаснати како ниското небо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Очилата лежеа крај нејзините нозе, во нивната рамка немаше ни очи, ни стакло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Белите листови на нејзините нозе се два ножа исукани од канија. Блестат, заслепуваат. Толку.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Здолништето, она што не ѝ досегаше на Катерина ниту до колената и од кое добар дел од нејзините нозе остануваше незгрижен од туѓите погледи, особено кога ќе седнеше, го немаше виснато на ниту еден од потпирачите на столовите ниту пак на кваките од прозорците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Политичкиот се загледа во неа и во шинелот, спушти поглед на нејзините нозе обуени во големи и извалкани цокули, а потоа ѝ рече: - Дојди поблизу.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред нејзините нозе забележав дел од килим, многу сличен на оној со кој дојдовме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)